Πέμπτη, Ιανουαρίου 17, 2013

Димитрис Јоану, Македонец во Грција, во интервју за грчки неделник: Не постои држава Скопје, само Република Македонија

 

Ρεπορτάζ του μακεδονικού τηλεοπτικού σταθμού KANAL5 για τη συνέντευξη του Δημήτρη Ιωάννου στην ελληνική εφημερίδα ΧΩΝΙ

По секој одговор на Јоану следува ироничен коментар од двајцата грчки новинари. Прочитајте повеќе!

По секој одговор на Јоану следува ироничен коментар од двајцата грчки новинари.

Етнички Македонец, кој не познава никаква држава Скопје, туку само Република Македонија –вели Димитрис Јоану, член и портпарол на Виножито за грчкиот неделник „То Хони“.
И покрај тоа што ова е еден од ретките случаи кога медиум во Грција одвојува време за разговор со член на партијата на Македонците, сепак, интервјуто и не е толку позитивно, по секој одговор на Јоану следува коментар од двајцата новинари и на некој начин на читателите се обидуваат со голема доза на иронија да им дадат контра објаснување на одговорите на Јоану.
„Етнички Македонци се оние граѓани од нашата земја, но и пошироко, кои припаѓаат, како што самите сакаат, на посебниот македонски народ. Што значи дека имаат посебен македонски национален идентитет, независен од географскиот “ – вели Јоану, објаснувајќи дека етнички Македонци освен во Грција има и во Бугарија и во Албанија. На што двајцата грчки новинари коментираат дека современ македонски народ постои само во главата на Јоану.
„Етнички Македонец? Можеби мислите етнички предавник?“ – одговараат новинарите на објаснувањето на Јоану во врска со проблемите со кои македонското малцинство се соочува во Грција, а најверојатно испровоцирани од одговорот каде што наместо Северен Епир, го користи терминот Јужна Албанија и им вели –“ За вас ние етничките Македонци не постоиме во нашата земја и во овој момент вие правите интервју со некој кој не постои. “
Својот став дека Скопје не е држава,туку град членот на Виножито го повторува на неколку пати во интервјуто, и покрај упорноста на новинарите, но и праксата во Грција, уставното име на нашата земја да се заменува со името на главниот град.
„Земја со име Скопје, не постои. Што значи дека прашањето треба да биде – во Скопје или во друг град на Република Македонија или во друга земја“ – го започнува Јоану одговорот на прашањето за неговите бизнис активности надвор од Грција. Но и во делот каде што новинарите се интересираат за неговиот став за преименувањето на патиштата и поставувањето на спомениците на Александар Македонски и Филип, ги користат термините Скопје, скопјаните, скопски јазик, наместо Македонија, Македонците и македонски јазик.
„Ако мислите на жителите на градот Скопје дека именуваат улици плоштади, и слично, тоа е нивно право. За вториот дел од вашето прашање, можете да замислите некој да праша дали Перикли зборувал каламатски (дијалектот од Каламата) “ – Јоану со контра прашање на То Хони дали Александар Велики говорел скопски.
Портпаролот на партијата на Македонците во Грција, вели дека Виножито е легална партија која ќе земе учество на евро изборите во 2014та.
„То Хони го издаваат двајца новинари Македонци. Господинот Јоану исто така изјавува дека е Македонец. Но, немаме никаква врска со него“ – пишуваат Христофоридис од Солун и Какламанос од Серес во воведот на интервјуто под наслов „Часови по историја... од еден „етнички Македонец“ “ и му посветуваат грчка песна –„ Во мојот заматен ум.“

Сања Ристовска

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=103904&utm_source=daily.mk

= = = =

H αντίδραση της εφημερίδας ΧΩΝΙ στο ρεπορτάζ του τηλεοπτικού σταθμού KANAL5 εδώ: http://www.toxwni.gr/xoni-apokleistika/item/854-kai-oi-skopianoi-kratane-to-xoni-video

Δεν υπάρχουν σχόλια:

Δημοσίευση σχολίου